Радово: Молитвено – креативни работилници на мајки на децата од веронаучните групи

Радово: Молитвено – креативни работилници на мајки на децата од веронаучните групи

Со почетокот на Великиот пост во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово започнаа молитвено – креативни работилници за мајки на децата од веронаучните групи, а под раководство на о. Илија Стојанов – парох и о. Атанас Сирачев- капелан.

Креативните работилници е предвидено да се одржуваат два пати седмично, при што ќе бидат изработени велигденски украси. Кон крајот од Великиот пост е предвидено да се одржи базар, на кој изработените производи ќе ги продаваат децата од веронаучните групи, а собраните средства ќе бидат за добротворни цели.

Креативните работилници ќе бидат дополнети и со молитвен дел. Еднаш неделно дел од учесничките на креативните работилници од студиото на Радио Марија во Струмица ќе молат Света Бројаница за сите болни, посебно за оние кои боледуваат од тешки и неизлечиви болести и за луѓето кои поминуваат низ тежок период од животот.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот