Надбискупот Галагер во име на Светиот Отец на погребот на британската кралица Елизабета Втора
Секретарот за односи со држави и меѓународни организации монс. Пол Ричард Галагер ќе го претставува папата Фрањо на погребот на кралицата Елизабета Втора. во Лондон. На церемонијата ќе бидат присутни околу две илјади луѓе од целиот свет.
Погребот ќе се одржи на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон. Учеството на надбискупот Галагер е потврдено од директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни, како и со објавата на официјалниот Твитер профил на Државниот секретаријат.
Надбискупот Пол Ричард Галагер е роден во 1954 година во Ливерпул, Обединетото Кралство.
Ватикан њуз /к.мк