На 1 септември 2021 година со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, а во рамките на „Денови на Света Мајка Тереза“, кои што траат од 1–5 септември, започна хуманитарна акција во организација на Македонски Каритас, при што ќе бидат дистрибуирани хуманитарно-хигиенски пакети до најранливата категорија на граѓани.
„Денови на Света Мајка Тереза“ се одржуваат и оваа година, придржувајќи се до протоколите за заштита од ширење на Ковид-19.
Празникот на Света Мајка Тереза ќе се одбележи во недела 5 септември со света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
к.мк