Папата Фрањо упати видео-порака до конференцијата на монасите и монахињите на Латинска Америка и Карибите во која ги повикува да бидат радосни и Евангелието да го вкоренуваат во локалните култури.
Мажите и жените со посветен живот од цела Латинска Америка и Карибите се собраа на виртуелен конгрес од 13 до 15 август во организација на Латиноамериканската коnфедерација на лица со посветен живот размислувајќи за темата „Кон меѓуконгрегацискиот, меѓукултурниот и движечкиот монашки живот.“
Папата во пораката претставена на почетокот на собирот зборуваше за важноста на инкултурацијата на локалното всадување на Евангелието и чување на радоста. Инкултурацијата во теолошките кругови често се користи за опишување на практикување на христијанската вера почитувајќи ги локалните култури. Папата на ракоположените лица им истакна дека тие имаат посебна задача за инкултурација на верата, забележувајќи дека „би било добро да се открие дека единството не значи униформност, туку богата хармонија во разновидноста, чиј автор е Светиот Дух.“
Монасите и монахињите ги потсети дека верата која не е вкоренета во културата не е автентична и ги повика во животите на верниците да влегуваат „почитувајќи ги нивните обичаи и традиција, додека настојуваат да ја евангелизираат културата.“ Кога таквата инкултурација не успеава, христијанскиот живот поприма премногу чудна и апсурдна гностичка тенденција, предупреди Папата и како пример ја наведе злоупотребата на Литургијата. Учесниците на собирот ги повика „да ја инкултурираат верата и да ја евангелизираат културата.“
Ја критикуваше склоноста за фокусирање на бројноста на членството и само преживување, предупредувајќи дека тоа може лицата со завети да ги претвори во страшливи следбеници кои се заробени во минатото и страдаат од носталгија. На носталгијата која ја убива душата треба да се спротивставиш со радост: бидете со Божјиот народ, почитувајте, навестувајте и сведочете, а за останатото ќе се погрижи Светиот Дух, порача Папата на учесниците на собирот.
Колку е тажно да се видат посветени мажи и жени без смисла за хумор, кои сѐ земаат сериозно. Животот со Исус значи да се биде радосен и јa вклучува способноста да ја даде таа смисла за хуморот на светоста. Радоста е најдоброто сведочење кое можеме да го понудиме на Божјиот народ на кој сме повикани да му служиме и да го придружуваме на ходочастие кон средбата со Бог, истакна Светиот Отец.
Видео порака до учесниците на собирот за монашки живот упати и претседателот на Советот на епископските конференции на земјите на Латинска Америка надбискупот Хектор Мигуел Кабрејос Видарте.
Ватикан њуз/к.мк