Струмица: Започна акцијата „Подари љубов“

Струмица: Започна акцијата „Подари љубов“

На 13 декември 2020 година во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица започна овогодинешната акција „Подари љубов“, организирана од Заедницата на брачни парови при парохијата.

Акцијата се состои во собирање бадникови артикли (бадеми, ореви, лешници, јаболки…), а артиклите можат да се остават во црквата на местото одредено за таа цел. Овие артикли во пресрет на Рождеството Христово ќе се подарат на стари, немоќни и осамени лица. Оваа година акцијата трае од 13 декември 2020 година до 3 јануари 2021 година.

Акцијата „Подари љубов“ се реализира седма година по ред, во која е вклучена целата парохиска заедница.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот