Светиот Отец го прифати повлекувањето од пасторалното водство на Суботичката бискупија, кое поради исполнета канонска возраст ја поднесе бискупот монс. д-р Јанош Пензеш и го именува монс. Славко Вечерин, свештеник на Суботичката бискупија и досегашен генерален викар, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол на празникот Раѓање на Пресвета Богородица, во вторник 8 септември 2020 година.
Монс. Славко Вечерин е роден на 6 јуни 1957 година во Суботица. После основното училиште завршуваа гимназија во Суботица, и како богослов на Суботичката бискупија од 1976 до 1983 година престојува во Надбискупската богословска семинарија во Загреб, каде се запишува на Католичкиот богословски факултет.
За свештеник на Суботичката бискупија е ракоположен на 14 август 1983 година. Во првите две години од свештеничката служба е поставен за парохиски викар во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Сомбор, а во летото 1985 година е именуван за управител на парохијата „Свети Павле“ во Бач. Потоа во 1991 година е преместен во Суботица, каде ја извршува службата духовник во семинаријата „Паулинум“ и архивар во Бискупскиот ординаријат.
Од 1994 до 2006 година ја врши службата секретар на Суботичката бискупија. Парохиската служба ја врши во парохијата „Свети Петар и Павле“ во Бајмок во периодот од 1998 до 2008 година, а потоа од 2011 до 2016 година е во парохијата „Марија Мајка на Црквата“ во Суботица и истовремено е ректор на богородичното светилиште Бунариќ. Од 20016 година е парох во „Возвишение на Светиот Крст“ во Сомбор.
Службата генерален викар на Суботичката бискупија ја извршува од 2005 година, а во два мандата е и консултор. Член е на литургискиот совет на Бискупската конференција на СР Југославија, а потоа и на Меѓународната бискупска конференција свети Кирил и Методиј.
Титулата насловен опат на акошмоношторската опатија „Блажена Девица Марија“ е именува на 15 февруари 2004 година, а прелат на Неговата Светост на 16 јануари 2006 година.
Ватикан њуз/к.мк