На денешен ден во Скопје е родена света Мајка Тереза

На денешен ден во Скопје е родена света Мајка Тереза

На денешен ден во Скопје е родена Агнес Гонџа Бојаџиу, позната како света Мајка Тереза. Крстена е во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Со Љубовта која ја понесе од Скопје, го запали светот со љубов кон сиромашните. Со нејзиниот понизен и свет живот покажа како се наследува Евангелието и што е љубов кон ближниот, на конкретен начин. И затоа имаме право да бидеме горди на оваа наша светица, Мајка Тереза. Светица на новиот милениум. Но не само горди, туку нејзиниот живот нека биде и за нас патоказ на нашиот пат кон светост.

По повод нејзиниот роденден донесуваме едно кратко размислување од неа:

Ако погледнете во крстот, ќе видите дека Исусовите раце се раширени, затоа што сака да ве прегрне. Главата му е навалена, затоа што сака да ве бакне. Срцето му крвари, затоа што сака да ве прифати во него. Затоа кога се чувствувате сами и во духовна сувост, погледнете го крстот: болка, страдање, понижување, разочарување, осаменост, не се ништо друго туку можност за солидарност со оние кои се како вас, кои се чувствуваат сами, тажни или напуштени.

Мајка Тереза почина во 1997 година, а за блажена ја прогласи свети Иван Павле II на 19 октомври  2003 година. За светица ја прогласи папата Фрањо на 4 септември 2016 година. По тој повод во Скопје канонизацијата на Мајка Тереза се одбележа со еднонеделна Татковинска прослава која на 11 септември 2016 година се заврши со понтификална света Литургија на плоштадот Македонија, предводена од папскиот делегат кардинал Винко Пулиќ  и бискупот Киро Стојанов.

Света Мајка Тереза моли се за нас!

го*ко/к.мк

Категорија: Вести, Колумни

За авторот