На 17 декември 2019 година поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот беа примени од претседателот Пендаровски
Покрај Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов на средбата присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравија иницијативата за одржување на средба и посочија дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење на мир и почитување.
Претседателот Пендаровски ја истакна неговата заложба за соработка со сите верски заедници и укажа за важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата.