Несекојдневна фотографија од Ватикан

Несекојдневна фотографија од Ватикан

На 21 август, Црквата го слави празникот на папата Свети Пио X, кој беше папа од 1903 до 1914 година. И очигледно, папата Фрањо сакаше да го прослави празникот на својот претходник со посета на неговиот гроб.

На социјалните мрежи се прошири фотографија која прикажува славење на света Литурија на празникот на папата Пио X. Папата Фрањо очигледно сакал да го прослави празникот на еден од своите претходници со посета на неговата гробница, која се наоѓа во базиликата свети Петар, јавува Алетеиа.

Свештеникот Метју Шнајдер објави фотографија на која е папата Фрањо како седи во шестиот ред, опкружен со мала група верници, кои на тој ден дојдоа на света Литургија.

„Мојот пријател утринава присуствува на света Литургија во црквата Свети Петар. Како се приближувал до олтарот, на кој се наоѓа телото на свети Пио X, забележал нешто посебно во клупата“ пишува отец Метју на фотогрфијата објавена на фејсбук.

Сите што го видоа ова мора да биле многу изненадени.

Алетеиа/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот