Во третата проповед за божиќниот пост, патер Раниеро Канталамеса проповедник на Папскиот дом, се фокисираше на личноста Исус Христос Кој не само што го покажа живиот Бог, туку Он самиот е жив Бог.
Исус Христос е местото за конечната средба помеѓу живиот Бог и живиот човек – рече отец Раниеро Канталамеса, проповедник на Папскиот дом за време на овогодинешната третата проповед за Божиќниот пост одржана во присуство на папата Фрањо. Отец Канаталамеса се фокусираше на личноста Исус Христос Кој со своето овоплотување стана мост помеѓу Вечниот Бог и временското човештво. Исус Христос е жив Бог – рече Папскиот проповедник: Христос го даде својот живот како откупнина и од љубов кон сите луѓе затоа што сè создал Неговиот Отец и сите се Негови браќа и сестри.
Бог ги прифаќа праведниците
За спасението на оние кои не Го познавале Христос мораме повеќе да се грижиме отколку за оние кои Го познавале, а живеат како никогаш да не постоел, заборавајќи целосно на своето крштение и се одалечуваат од Црквата и од секое верско практикување – предупреди Папскиот проповедник. Што се однесува до спасението на првите – потсети о. Канталамеса: Светото Писмо нè уверува дека Бог не прави разлика меѓу луѓето, туку го прима оној кој се плаши и врши правда, без обѕир на кој народ припаѓа.
Божја понизност
Неговата понуда за спасение е универзална – рече о. Канталамеса и продолжи: Бог се грижи за тоа сите луѓе да се спасат, а не да знаат кој е нивниот спасител. Бог е понизен во создавањето. Не ја става својата етикета на сите како што тоа го прават луѓето. На созданијата не им пишува дека ги создал Бог. На нив им е препуштено да Го откријат.
Во Светиот Дух Исус ни го открива Отецот
Животното опкружување во кое се раѓа и развива секоја автентична христијанска теологија е Светиот Дух. Во Светиот Дух – рече проповедникот на Папскиот дом, сè уште Исус е Тој Кој и понатаму ни Го открива Отецот, затоа што Светиот Дух сега е Дух на Воскреснатиот, Дух кој го продолжува и го применува делото на земскиот Исус. Живиот Бог, за разлика од идолот, е Бог Кој дише и Светиот Дух е неговиот здив
Бог е реален
Духот на живиот Бог создава во човечката внатрешност состојба на милост заради која еден ден доживува големо просветлување и открива дека Бог постои, дека е реален – рече Папскиот проповедник и заврши: Оние кои Бог Го бараат на друго место, само меѓу страниците на книгите или во човечкото умување, треба да го повторат она што ангелот им го рече на жените: „Зошто Го барате живиот меѓу мртвите?“
Ватикан њуз/к.мк