Папата Фрањо од 3 до 5 февруари 2018 година ќе го посети Абу Даби и ќе учествува на Меѓународна меѓурелигиска средба за „Човечкото братство“
Прифаќајќи ја поканата од шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахијан, престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати, папата Фрањо од 3 до 5 февруари следната година ќе го посети Аби Даби и ќе учествува на Меѓународна меѓурелигиска средба за „Човечкото братство“ – соопшти директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Грег Бурке. Оваа посета истовремено е и одговор на поканата од Католичката црква во Обединетите Арапски Емирати.
Тема на посетата: Направи ме средство за својот мир
Папата Фрањо го избра името на свети Фрањо од Асиси, светец кој е прекрасен пример кој во пракса ги стави зборовите на Исус Христос: Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! (Матеј 5,9). Божјиот мир во човекот го оздравува секој облик на непријателство и ја следи Радосната вест за Исус Христос како Бог кој го помири светот со себе. Темата е земена од Молитвата за мир на свети Фрањо, а со тоа посетата на папата Фрањо на Обединетите Арапски Емирати сака да внесе на посебен начин Божји мир во срцата на сите луѓе со добра волја.
Лого за посетата на Папата
На логото за патувањето на папата Фрањо во Обединетие Арпаски Емирати е прикажана голуб со маслинова гранка. Голубота е исцртана со бела и жолта боја, кои ги претставуваат боите на ватиканското знаме. Боите на знамете на Обединетите Арапски Емирати се прикажани на телото од голубот, а симболизира дека Папата Фрањо во оваа арапска земја ја посетува како гласник на мирот.
Ватикан њуз/к.мк