Лицемерите мислат за себе дека се спасени преку сопствените надворешни заслуги.
Да Го молиме Исуса секогаш со своето милосрдие и со простувањето да ја заштити нашата Црква која е света како мајка, но полна со грешни деца како нас. Во своето размислување на светата Литургија во домот Света Марта, во Ватикан, на 20 септември 2018 година, Папата се фокусираше на библиските читања од денешната света Литургија, а посебно на реченицата од Евангелието според Лука: „ѝ се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу.“
Осврнувајќи се на денешните читања Светиот Отец во нив воочи три групи на луѓе: Исус и неговите ученици; Павле и грешницата; и фарисеите. Истакнувајќи дека таа жена е една од оние кај кои тајно доаѓаат мажи, па и фарисеи и кои заради тоа често биле каменувани, покажала многу љубов кон Исус не сокривајќи дека е грешница. Папата рече дека истото важи и за Павле кој потврдил: „Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата.“ Двајцата го барале Бог со љубов, но со делумна. Павле мислел дека љубовта е законот и имал затворено срце за објавата на Исус Христос, ги прогонувал христијаните, но заради почитувањето на законот, затоа што таа љубов не созреала. А жената барала љубов.
Фарисеите коментирале, но Исус објаснил: На таа жена ѝ е многу простено затоа што љубела многу – рече папата Фрањо и праша: Но, како љуби? Тие жени не знаат да љубат. Тие бараат љубов. Исус зборувајќи за нив еднаш рекол дека тие пред нас ќе влезат во Царството небесно. Но, фарисеите се соблазниле. Исус го цени малиот гест на љубов, малиот гест на добра волја, го зема и го носи понатаму. Тоа е Исусовото милосрдие; секогаш простува, секогаш прима.
Што се однесува пак до книжниците, Папата вели тие имаат став кој често го користат само лицемерите, се соблазнуваат и зборуваат: „Погледнете каква соблазна! Не може така да се живее! Ги загубивме вредностите. Сега секој има право да влезе во црква, дури и разведени, сите. Каде сме стигнале? Тоа е соблазната на лицемер – рече Папата и додаде: Тоа е дијалог помеѓу големата Исусова љубов која сѐ простува и делумната на свети Павле, на жената, па и нашата љубов, која не е потполна љубов, затоа што никој од нас не е канонизиран за светец. Да ја кажеме вистината, лицемерието на праведните и чистите, на оние кои мислат за себе дека се спасени со сопствените надворешни заслуги.
Исус препознава дека тие луѓе однадвор ја покажуваат „целата своја убавина“ и затоа зборува за „варосани гробови“, но во себе се гнили и скапуваат. Ѓаволот нема никаква врска со грешниците кои се покајуваат затоа што го гледаат Бог и велат: „Господи грешник сум, помогни ми.“ Ѓаволот во однос на нив е немоќен, но силен во однос на лицемерите и ги користи за да ги уништи луѓето, општеството и Црквата. Борбениот коњ на ѓаволот е токму лицемерието затоа што он е лажливец, однадвор се покажува како моќен и убав кнез, а во себе е убиец.
Папата затоа поттикна да не заборавиме дека Исус простува, прима, го користи милосрдието кое ние често го забораваме додека ги озборуваме другите. Повикани сме да бидеме милосрдни како Исус, да не ги осудуваме другите и Исус да го ставиме во центарот на својот живот. Имено Христос простува и на грешникот и гонител Павле со делумната љубов, и на жената грешница исто така со нецелосна љубов. Само на тој начин можеме да ја сретнеме „вистинската љубов“ која е Исус, додека лицемерите се неспособни да ја сретнат љубовта затоа што имаат затворено срце – заврши папата Фрањо
Ватикан њуз/к.мк