По молитвата Царице небесна Папата ја изрази својата близина на христијанските заедници кои во индонезискиот град Сурабаја се погодени од терористички напад.
На посебен начин ја изразувам близината на саканиот народ во Индонезија, посебно на христијанските заедници во градот Сурабаја каде се погодени од тешки напади неколку цркви – рече папата Фрањо по молитвата Царице небесна, молејќи се за жртвите и за нивните роднини, при што повика: Заедно го повикуваме Бог со мир да го запре тоа насилство, и во срцето на сите да нема место за чувство на омраза и насилство, туку за помирување и заедништво.
Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите на три цркви во Индонеција во кои загинаа 10 луѓе и се ранети повеќе од 40. Претседателот на државата Јоко Видодо го нарече „варварски чин“ и побара од полицијата веднаш да се пронајдат одговорните. Според изјавите на индонезиската полиција меѓу напаѓачите имало и жена со две мали деца. Официјални извор известија дека сите напаѓачите припаѓале на исто семејство.
Денес кога се слави „Денот на мајката“, Папата ги поздрави сите мајки заблагодарувајќи им се за нивната служба „чуварки на семејството“, се сети и на мама која нѐ гледа од небото и продолжува да нѐ чува со молитва, и Пресвета Богородица Фатимска која денес ја славиме ја замоли за заштита.
Потсетувајќи дека денес се одбележува Светскиот ден на средствата за социјална комуникација на тема „Лажните вести и новинарство на мирот“, Светиот Отец на крајот ги поздрави сите работници во социјалните медиуми, а посебно новинарите кои се заземаат за вистинските вести придонесувајќи така за поправедно и помирно општество.
РВ/к.мк