Папата ќе ги посети Мјанмар и Бангладеш

Папата ќе ги посети Мјанмар и Бангладеш

Прифаќајќи ја поканата на шефовите на државите и епископите на Мјанмар и Бангладеш, папата Фрањо од 27 до 30 ноември 2017 година ќе биде во апостолска посета на Мјанмар и ќе ги посети градовите Јангон и Најпидав, а потоа од 30 ноември до 2 декември 2017 година Бангладеш и главниот град Дака.

Програмата за посета наскоро ќе биде објавена – рече директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке, во соопштение кое е објавено на 28 август 2017 година.

Исто така се објавени мотото и логото за посетата на Папата на Мјанмар и Бангладеш. Мотото за апостолската посета на Мјанмар гласи „Љубов и мир.“ Христијанскиот мир е заснован на љубовта, а без љубов нема ниту мир. Љубовта, која народот на тие азиски земји најмногу ја ценат ќе го отвори патот кон мирот. Целата за посетата на Светиот Отец на Мјанмар е да промовира љубов и мир – стои во соопштението.

Логото пак е во облик на срце, а љубовта е заедничкото тло на христијанството и будизмот. Токму тој поим создава меѓусебно почитување и прифаќање помеѓу христијаните и будистите – стои во текстот. Лентите кои го обликуваат срцето се двете знамиња: бело-жолтата го претставува Ватикан, додека жолто-зелено-црвената лента Мјанмар. Картата на таа азиска земја е обоена со боите на винижито, за да се покаже присуството на бројните етнички групи во Мјанмар, каде живеат 8 големи племиња и 135 други етнички групи со различни јазици, дијалекти и култури. Конечно фотографијата на Светиот Отец со гулаб сака да истакне дека тој доаѓа како гласник на мирот.

Мотото за посетата на Бангладеш гласи „Хармонија и мир“. Првиот збор се однесува на искуството на хармонија во таа земја, а во исто време го изразува стремежот за мир меѓу вероисповедите, културите, народите, општеството, историјата, наследството и традицијата во таа јужноазиска земја. Од друга страна, зборот „мир“ го претставува искуството на мирот, но и стремежот за истиот во иднина со визија за интегриран човечки и духовен развој во Бангладеш – е истакнато во соопштението.

На логото се наоѓа птици на мирот, крст и воден крин. Стилизираниот цртеж на птици симболизира дека папата Фрањо доаѓа во Бангладеш како пратеник на хармонијата и мирот, а исто така го преставува неговиот слободен дух – стои во документот. Неговото присуство е радосно славење за таа земја и за Црквата. Крстот пак го претставува Христовото присуство и Божјата љубов кон човештвото. Бангладешани се мултикултурни и мултирелигиски народ кој заедно живеат во духот на хармонијата засновано на заедничкиот сојуз кој го преставува водениот крин, националниот цвет на таа земја. Тој цвет го симболизира исто така животот и надежта и изразува дека верата на христијаните во Бангладеш е жива макар што ги нема многу. Птиците и светот го преставуваат со тоа Мајката земја, нашиот заеднички дом.

Што се однесува до бојата, црвена и жолта се националните бои на Багладеш и Ватикан. Комбинацијата на тие бои го изразува единството и трајното пријателство помеѓу тие две земји, потсетувајќи на фактот дека Ватикан била една од првите земји која меѓународно го признала Бангладеш по неговото осамостојување во 1971 година. Конечно сината боја на текстот во логото го симболизира мирот, како и бистрата вода на реките во Бангладеш – стои на крајот од соопштението.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот