Папата Фрањо се сретна со Ангела Меркел
Папата Фрањо утрото на 21 февруари во Ватикан ја прими германската канцеларка, Ангела Меркел. Разговорот траеше околу 40 минуни, а канцеларката потоа се сретнаи со Папскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин, како и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.
За време на срдечниот разговор, беа истакнати темите за средбата на земјите од Г7, која ќе се одржи во Баварија, со осврт на прашања како што се борбата против сиромаштијата и гладот, злоупотребата на луѓето, правата на жените, како и поттикнувањето на заштитата на создаденото. Меѓу темите на разговор беше и состојбата во Европа, посебно судирот во Украина, со акцент на давање на предност за барање на мирно решение.
Канцеларката Меркел по тој повод предаде донација за децата бегалци и на Папата му подари ЦД со музика од Јохан Себастијан Бах. Светиот Отец, пак на канцеларката и подари медал на свети Мартин, на кој е прикажан како ја дарува својата наметка на сиромавиот и примерок од Апостолското писмо „Евангелии гаудиум“, на германски јазик.
РВ/В.Н.