Папата ќе се обрати во американскиот Конгрес

На 24 септември оваа година папата Фрањо ќе зборува на општото заседание на двата дома во Конгресот на САД во Вашингтон. Соопштението беше дадено од портпаролот на Домот Џон Бонер, а веста беше потврдена од ватиканската прес служба.

Папата Фрањо ќе биде првиот папа кој ќе се обрати пред Конгресот. “Во време на глобални катаклизми посланието на Светиот Отец за сочувство и човечко достоинство ги разбранува луѓето од сите религии и потекло – рече Бонер. Неговите поучни слова, молитви и неговиот голем пример нѐ упатуваат на среќата во обичните нешта и нашите взаемни обврски”.

При посетата на САД Папата ќе го посети Њујорк и Филаделфија, каде ќе се одржи Светската средба на семејствата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот