Папата Лав XIV во посета на Лампедуза

Папата Лав XIV во посета на Лампедуза

Папата Лав XIV во сабота наутро, 4 јили 2026 година, слета на јужниот италијански остров Лампедуза, започнувајќи ја својата пасторална посета на ова место, познато како една од главните точки на пристигнување на мигранти што по море патуваат од Африка кон Европа.

Папата Лав XIV слета во Лампедуза во 8.54 часот, со што ја започна својата пасторална посета на јужниот италијански остров, кој се наоѓа на раскрсницата на миграциските патишта од Северна Африка кон Европа.

Најнапред Папата ги посети гробиштата на островот, каде што има и дел со гробови на оние што го загубиле животот на море. Потоа се упати кон „Портата кон Европа“, уметнички споменик посветен на мигрантите што загинале обидувајќи се да стигнат до европскиот континент.

Потоа Папата го посети пристаништето Фавароло, каде што се сретне со неколку мигранти и ќе благослови спомен-плоча со која пристаништето се посветува на папа Фрањо.

Посетата на папата Лав XIV потсетува на посетата на папа Фрањо, кој на 8 јули 2013 година токму Лампедуза ја избра за своето прво пасторално патување надвор од Рим.

Пред враќањето во Рим, папата Лав XIV ќе отслужи света Литургија и ќе се сретне со локалните власти, децата и волонтерите.

Според програмата, Папата треба да замине од Лампедуза во 12.30 часот и да пристигне во Рим во 13.45 часот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот