Папата Лав XIV на кратка посета во Кастел Гандолфо

Папата Лав XIV на кратка посета во Кастел Гандолфо

Папата Лав XIV во понеделник навечер, 8 септември 2025 година, повторно се врати во палатата Барберини во Кастел Гандолфо, каде ќе преноќи, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во краткото соопштение, објавено на 8 септември, се наведува: „Вечерва Папата Лав ќе отпатува во Палацо Барберини во Кастел Гандолфо и од таму ќе ги продолжи своите активности утре, за кои не се предвидени аудиенции“. Се додава и дека „Папата ќе се врати во Ватикан во вторник попладне“.

Папата Лав XIV веќе помина дел од летото во Кастел Гандолфо,– од 6 до 22 јули престојуваше во папската резиденција, а потоа повторно се врати средината на август, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

На 5 септември, Светиот Отец го посети селото „Лаудато Си“, проект воспоставен на 55 хектари земјиште кое порано припаѓало на папските вили. Таму се сретна со вработените кои се грижат за оваа значајна еколошка иницијатива.

Ватикан њуз/к.мк

Фото: падре Бруно Силвестрини

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот