Истакнувајќи ја храбрата, упорна и конкретна вера на слепиот Вартимеј со кој Исус се среќава во Евангелеито за неделната Литургија за 24 октомври, папата Фрањо во наговорот пред молитвата Ангел Господов истакна дека тој треба да ни биде пример за да бараме сѐ од Исуса Кој може да направи сѐ, а не ситни пари и исполнување само на моментални потреби.
Средбата во Евангелието од неделната Литургија е последната средба пред Исус да влезе во Ерусалим за Пасха, објасни Папата на почетокот на наговорот пред молитвата Ангел Господов. Слепиот Вартимеј го загубил видот, но не и гласот, порачувајќи дека Исус на неговиот извик „Сине Давидов, Исусе, помилиј ме! Веднаш застанал. Бог секогаш го слуша крикот на сиромашните и не е вознемирен од гласот на Вартимеј, туку го препознава дека е полн со вера – вера која не се плаши да биде упорна, да чука на вратата на Божјото срце, и покрај тоа што е несфатен и што го замолчувале, рече Папата.
Верата на Вартимеј е очигледна од неговата молитва. Не е тоа срамежлива, стандардна молитвичка. Пред сѐ тој Господ го нарекува „Сине Давидов“, Го признава Исус за Месија, Цар Кој треба да дојде на светот. Потоа го вика по име, со доверба – „Исусе“. Не се плаши, не ја држо на оддалеченост. Така тој од срце му ја довикува целата своја драма на Бог кој му е пријател: помилуј ме! Не бара ситни пари кои ги моли од минувачите. Тој бара сѐ од Оној Кој може сѐ да направи, истакна Светиот Отец. Вартимеј, објасни Папата, не бара услуга, туку се става себе пред Господ, бара милосрдие за него, за неговиот живот. Не е тоа мало барање, но прекрасно е затоа што тоа е крик на милосрдието, односно на сочувствувањето, на Божјото милосрдие, на неговата нежност.
Вартимеј не користи многу зборови. Го кажува она што е неопходно и се доверува на Божјата љубов која може да направи неговиот живот повторно да процвета на начин кој за луѓето е невозможен. Заради тоа не бара од Господ милостина, туку прави сѐ видливо. Слепилото на Вартимеј и страдањето не е само на физичко ниво. Неговото слепило е врвот на глечерот – сигурно се наоѓале и рани, понижувања, скршени соништа, грешки и жалења во неговото срце, рече Светиот Отец.
Да ја молиме молитвата на Вартимеј, повика Папата. Да се запрашаме каква е нашата молитва?. Дали таа е храбра, дали се состои од онаа добра упорност или е формален поздрав тогаш кога ќе се сетам на тоа? Понатаму порача Папата, дали мојата молитва е „содржинска“, го отворам своето срце за Господ? Дали ја донесувам пред него мојата приказна и животното искуство? Или таа е анемична површна, ритуална без чувства и срце? Кога верата е жива, молитвата е срдечна – не бара ситни пари, не се сведува на моменталните потреби? Мора од Исуса Кој може да направи сѐ, да бараме сѐ. Тој едвај чека да ја излее својата милост и радост во нашите срца, но за жал, ние сме тие кои се стоиме на оддалеченост од срамежливост, мрзеливост или невера. Нека Вартимеј со неговата конкретна упорна и храбра вера ни биде пример, поттикна Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк