Осумте ѕвона на северната кула на париската катедрала „Нотр Дам“ заѕвонија во петокот, 8 ноември 2024 година, за прв пат по пожарот пред повеќе од пет години.
„Ова е убав, важен и симболичен чекор“, рече Филип Јост, одговорен за обновата на катедралата.
Северната камбанарија на катедралата беше тешко оштетена во пожарот во април 2019 година, по што осумте ѕвона беа отстранети и обновени. Двете големи ѕвона на јужната кула останаа неоштетени.
Оваа недела „Нотр Дам“ доби и три нови ѕвона, како замена за ѕвоната уништени при уривањето на една од кулите. Едно од трите нови ѕвона било користено за означување на победникот на Олимписките игри на Стад де Франс во Париз.
Свеченото повторно отворање на катедралата „Нотр Дам“ е закажано за 7 и 8 декември.
Ика/к.мк