По повод празниците Рош ашана, Јом кипур, и Сукот кои се слават во септември папата Фрањо упати честитка до главниот римски рабин Рикардо Ди Сегниј.
Нека Севишниот нѐ благослови со дарот на мирот и поттикне во нас поголемо ангажирање за негово неуморно промвоирање – посака папата Фрањо во честитката до главниот римски рабин Рикардо Ди Сегнеј и целата еврејска заедница во Рим по повод разникот Рош ашана (еврејска Нова година), Јом кипур (Ден на помирувањето) и Сукот (Празникот на сениците)
По повод свечените празници Рош ашана, Јом кипур и Сукот радосно Ви ги честитам на вас и на еврејската заедница во Рим – напиша папата Фрањо во пораката до главниот рабин Рикардо Ди Сегниј која ја објави еврејската заедница во Рим. Од срце посакувам тие празници, оживувајќи го споменот на благодатите примени од Севишниот, за еврејските заедници во светот да бидат извор и на други милости и духовна утеха. Нека во својата бесконечна добрина насекаде да се зацврстат нашите пријателски врски и желба за поддржување на постојаниот дијалог за доброто на сите.
Ватикан њуз/к.мк