На првото гласање од конклавата, на која учествуваат 133 кардинали со право на глас не изгласаа наследник на папата Фрањо
Црн чад се појави од оџакот над Сикстинската капела во 21:00 часот во среда навечер, означувајќи дека е одржано првото гласање на конклавата и дека е завршено без избор на Папа.
Околу 45.000 луѓе се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го чекаат соопштението, кое се очекуваше некаде по 19:00 часот. На крајот, мораа да чекаат до 21:00 часот.
Утре наутро, четврток, 8 мај, кардиналите избирачи ќе се соберат пред 8:00 часот во Апостолската палата, каде ќе служат света Литургија и пофалби во капелата Свети Павле. Потоа ќе се повлечат во Сикстинската капела во 9:15 часот каде ќе молат Среден Час, а потоа ќе продолжат со гласање. Ручекот е предвиден околу 12:30 часот во Домот Света Марта. Во 15:45 часот ќе појдат кон Апостолската палата, потоа во 16:30 часот ќе имаат духовно предавање во Сикстинската капела и уште две гласања до крајот на денот, (околу 19:30 часот), кој ќе го завршат со Вечерна молитва.
Планирано е два пати да се пушти чад од оџакот поставен над Сикстинската капела: по гласањето наутро и навечер, односно на крајот од попладневното гласање.
Ватикан њуз/к.мк