По предупредувањето од хуманитарната организација „Лекари без граници“ дека состојбата во Бамбари во Централноафриканската Република е се потешка, еден од паросите во тој град, дон Фелисе Ендимојо истакнува дека свештениците и чесните сестри сакат да останат и покрај големите опасности.
Откако во мај, во Бамбари во Централноафриканската Република изби последниот бран на насилство на илјадниците луѓе кои живеат во бегалски кампови – а ги има околу 40.000 – им се придружија уште 3.000 кои во последните месеци морале да го напуштат својот дом за да избегат од конфликтот. За тоа сведочи организацијата „Лекари без граници“ која предупредува дека во нападите на две вооружени групи се повредени и цивили. Освен тоа отежнат е пристапот до здравствените служби, а некои центри во кои делуваат „Лекари без граници“ останале затворени повеќе од една недела заради нападите и кражбата на лекови.
Не сакаат да си заминат
Дон Фелисе Ендимојо парох во црквата „Свети Иван“ во Бамбари рече дека после убиството на генералниот викар на Бамбари монс. Фирмина Гбагоуе на крајот на јуни, свештениците биле присилени да се преселат на безбедни подрачја. Во текот на денот одат во парохијата, а во предвечерието мора да се засолнат. После тоа од јули се намалени пасторалните активности. Дон Фелисае напоменува дека дошол момент за да се вратат во парохиите затоа што ниту свештениците, ниту чесните сестри и покрај големите опасности не сакаат да си заминат.
Лек против насилството
Многу надеж дон Фелисе полага во подготовката за националното одбележување на Светскиот ден на храната, 16 октовмри затоа што во таа прилика некои хуманитарни агенции ангажирале групи млади и ги вработиле во јавните работи како што е уредувањето на улиците и спомениците. Свештеникот во тоа гледа прилика младите да се одалечат од вооружените групи и напоменува дека на тој начин можат да работат за општото добро, наместо да крадат или да прават насилство. Дон Фелисе заклучува дека сѐ уште не слабее надежта која папата Фрањо ја донесе по повод посетата на Централноафриканската Република во ноември 2015 година со пораката која и денес води во потрагата за мирот.
Ватикан њуз/к.мк