Со благослов на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, на 18 септември 2025 година на официјалниот YouTube канал на Радио Марија е објавена македонската верзија на химната за Јубилејот 2025, со наслов Ходочесници на надежта.
Преводот на текстот на македонски јазик е на Лука Костов, кој истовремено е и вокален изведувач заедно со Филип Костов. Химната е снимена во студиото на Радио Марија.
Оргиналниот текст за химната за Јубилејот 2025 е на монсињор Пјеранџело Секери, а музиката е на маестро Франческо Менегело.
к.мк