Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ повикува на Светски ден на молитва за мир во Мјанмар

Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ повикува на Светски ден на молитва за мир во Мјанмар

Фондацијата со папско право „Помош на Црквата во неволја“ на 1 февруари повикува на ден на молитва за мир во Мјанмар.

Поводот е четвртата годишнина од воениот удар во таа земја во Југоисточна Азија. Фондацијата ги повикува верниците од целиот свет во сабота да се придружат со солидарност и надеж во молитвата. Иницијативата за молитва е координирана од седиштето на Фондацијата во Германија, како и од 23-те национални канцеларии. Денот на молитвата е поделен на молитвени смени, за да се овозможи 24-часовна молитва.

„Длабоко сме погодени од ситуацијата во Мјанмар“, рече Регина Линч, претседател на одборот на фондацијата „Помош на црквата во неволја“. Луѓето во таа земја страдаат од бомбашки напади, глад, недостаток на струја и сиромаштија. Свештениците и монасите и монахињите често патуваат со денови за да стигнат до оддалечените заедници, честопати доведувајќи се во смртна опасност. „Сепак, тие продолжуваат со својата работа“, истакна Линч. „Тие ни се заблагодаруваат за поддршката и нè замолуваат: „Молете се за нас и нашите луѓе“, заклучи таа.

Покрај мирот, намерата е да се моли и за други цели, вклучително и за прогонети, за млади луѓе во Мјанмар, за монасите кои пружаат помош, како и за млади луѓе кои и покрај тешките околности се подготвуваат за повик во свештенството или за монаштво, молитвени групи и поединци се поканети да се приклучат на молитвената иницијатива.

Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ објави и посебна молитва за верниците во Мјанмар. Нејзиниот дел гласи: „Милостив Господару, во молитва Ти ги донесуваме верниците во Мјанмар: оние кои живеат во џунглата и се кријат од насилството и оние кои мораа да ја напуштат својата татковина за да најдат сигурност“.

Кта/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот