Централна тема: „Марија – Жена на вера, скромност и верност: модел за семејствата и младите денес“
Заедничка накана: За младите да ја гледат Марија како пример на верност и чистота
Четврток 02.10.2025 18:00 часот
Бројаница; изнесување на Статуата Марија од Назарет – Света Литургија; Наговор о. Илија Стојанов. Тема: „Марија – Мајка на верата и модел за нашите семејства“
Петок – ПРВ ПЕТОК 03.10.2025 18:00 часот
Св. Литургија, наговор о. Атанас Сирачев. Тема: „Марија верна до крај“;Молебен до Пресвета Дева Марија,
Сабота 04.10.2025 Света Литургија 8:00 часот. Во 17:00 часот тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет, Мајка Тереза и Крстот на сред село. По патот молење на св. Бројаница и Молебен до П.Д.М; По влегувањето во црквата наговор на о. Горги Динов, парох во Нова Маала. Тема: „Марија како пример за скромност и чистота во современиот свет“, Посветеноста на Марија од Назарет
Недела 05.10.2025 09:30 часот Света Бројаница – Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Светата Архиерејска Литургија (започнува веднаш по влегувањето во храмот) ќе ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епископ и Скопски бискуп; Заедничко Агапе.
Во сите денови на Тродневницата можност за Света Исповед.
Светата Литургија на празникот Марија од Назарет во недела ќе бидe пренесуванo на Радио Марија (FM 106,5), кое може да се следи и вон Струмица преку интернет на www.radiomarija.mk или преку апликацијата Радио Марија Македонија