Трета Генерална конгрегација на Кардиналскиот колегиум

Трета Генерална конгрегација на Кардиналскиот колегиум

Присутни беа 113 кардинали, а оние кои сè уште не го сториле тоа дадоа заклетва, како што налага конституцијата Universi Dominici Gregis. Потврдени се имињата на проповедниците: следната недела Донато Ољари, игумен на базиликата Свети Павле надвор од ѕидините и на почетокот на конклавата кардинал Канталамеса

На 24 април 2025 година, во 9:00 часот, со молитва започна Трета Генерална конгрегација за Кардиналскиот колегиум, која траеше до пладне, а на која присуствуваа 113 кардинали. На оваа сесија учесниците одржаа 34 говори, а истт така започнаа разговор за Црквата и светот.

Заклетва дадоа кардиналите кои сè уште не го сториле тоа, како што е предвидено во Апостолската конституција Universi Dominici Gregis. На крајот беа избрани имињата на двајца проповедници: првата проповед на почетокот на следната недела ќе ја одржи Донато Ољари, игумен на базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, а втората кардиналот Канталамеса на почетокот на конклавата. Следното заседание на Генералното собрание ќе се одржи во петок, 25 април наутро во 9:00 часот.

Втората Генерална конгрегација на Кардиналскиот колегиум се одржа во среда попладне, 23 април, 103 кардинали учествуваа, а започна во 17:00 часот. во Синодската сала во Ватикан, при што беше одобрен распоредот за Новендијалот, свети Литургии, кои ќе се служат за папата Фрањо, почнувајќи од задушната света Литургија на 26 април во 10:00 часот. Литургиските славења се отворени за сите, а секој ден ќе учествува различна група на луѓе врз основа на нивната поврзаност со Светиот Отец. Во соопштението за медиумите, Канцеларијата за печат на Светиот Престол истакна дека оваа различност на одреден начин го покажува досегот на службата на врховниот пастир и универзалноста на Римската црква.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот