Папата Фрањо упати телеграма со сочувство заради жртвите од потонатиот траект на езерото Викторија во Танзанија во близина на островот Укара.
„Нажален од трагичната несреќа на езерото Викторија во близина на брегот на островот Укара, Неговата Светост папата Фрањо ја изразува својата искрена солидарност со оние кои тагуваат заради загубата на своите најмили и кои стравуваат за животот на исчезнатите. Упатува молитви до Бог да го даде благословот, сила и утеха на сите оние кои се погодени од таа несреќа и ги охрабрува граѓанските власти и спасувачките екипи во напорите кои ги вложуваат околу спасувањето,“ се вели во телеграмата која државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин ја упати до граѓанските и црковните власти во името на Папата.
Најмалку 86 луѓе го загубија животот на потонатиот траект во четврток на 20 септември на езерото Викторија во Танзанија.
Ика/к.мк