Струмица: Повеќечасовно Евхаристиско обожавање за Празникот на Евхаристијата

Струмица: Повеќечасовно Евхаристиско обожавање за Празникот на Евхаристијата

На празникот Пресвета Евхаристија, во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“, на 11 јуни 2026 година беше изложена Пресветата Евхаристиска Тајна за обожавање.

Евхаристиското обожавање започна во 12.00 часот, а заврши во 18.00 часот со евхаристиски благослов, а ги предводеше парохот, протојереј отец Гоце Костов.

Младите од парохијата и волонтери од Радио Марија ги предводеа молитвените накани кои беа принесени на Евхаристискиот Исус. Првиот час беше посветен на Црквата, папата Лав XIV, епископот Стојанов, свештенството, монашките заедници и црковните движења, со молитва Господ да им даде сила храбро, мудро и правоверно да го навестуваат Евангелието.

Потоа следуваа молитвени часови за парохиската заедница, за семејствата во криза, за децата и младите, за болните, осамените, старите и немоќните, како и за сите покојни, особено за починатите од семејствата и парохијата.

На крајот, младите и волонтерите кои беа во организацијата на Евхаристиското обожавање во дух на заедништво се дружеа во дворот на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот