Соборот на свети Иван Крстител светата Црква го слави на ден после празникот Богојавление, а со тоа што го крстил Исус во реката Јордан посланието на Крстителот завршува со тој настан
. Родители на свети Иван Крстител се Захарија и Елисавета. Раѓањето и службата на светиот Христов Предтеча е претскажано од пророците Исаија (40,3) и Малахија (4,5), како и од самиот архангел Гавриил (Лк 1,5-15). Раѓањето на свети Иван Крстител најдобро го опишува евангелисот Лука. Својата младост, свети Иван Крстител ја минал во пустина (Мт 3,4; Мк1,1), каде останал до неговото јавно делување и повикување на покајание. „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ известува евангелистот Матеј (3,2). Своето проповедање свети Иван го започнал во 15-та година од царувањето на Тивериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Најпрво со својата проповед и повик на покајание започнал од Јорданската пустина, а потоа и Јорданскиот брег. Тој постојано истакнувал дека неговото крштение со вода е само подготовка за доаѓањето на Месијата и дека Месијата Кој доаѓа е поголем од него. А Христос доаѓаајќи на реката Јордан бара од Иван да биде крстен, за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15) Претечата Го крштева Исус и Го покажува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот“ (Мт 3,13-17) Од својата понизност кон Спасителот Иван ќе рече дека е недостоен на Исус да му ги „одврзе ремчињата на неговите обувки“ (Ив 1,27)
Свети Иван Крстител не се исплашил да го прекори царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип (Мк 6,17), која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак. Поради тоа, Ирод го фрлил во затвор во тврдината Махир и сакал да го убие. Меѓутоа имал страв од народот, бидејќи го држеше за пророк (Мт 14,5). Но Ирод поради својата неморалност не можел да одолее на Саломе, која со своето танцување го воодушевила Ирод, поради што пред сите ѝ ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ (Мк 6,21-23). По совет на нејзината мајка Иродијада, Саломе ја побарала главата на свети Иван Крстител. Ирод ја исполнил нејзината желба и наредил да му2751 се отсече главата на свети Иван Крстител. Светот писмо известува дека учениците Иваново го зеле телото и го погребале. (Мт 14,6-12; Мк 6,21-29).
к.мк