„Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.“ (Псалми 121 [120], 2)
Кој не се чувствувал беспомошен понекогаш во својот живот? Авторот на Псалмот 121 исто така го доживува тоа, додека поминува низ тешки ситуации и се прашува од каде може да дојде помошта. Одговорот е потврда за неговата вера во Бога кому му се доверува. Тој убедливо зборува за тоа како Господ бдее над секој поединец и над целиот народ и ги штити. Се чини дека оваа негова сигурност доаѓа од длабокото лично искуство.
„Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.“
Остатокот од псалмот е, всушност, проглас за моќен Бог полн со љубов кој создал сè што постои и бдее над сè дење и ноќе. Господ „нема да дозволи твојата нога да се сопне, ниту ќе задреме, оној што те чува Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази“ ,, тврди псалмистот, желен да го увери читателот. Преплавен од тешкотиите, авторот погледнал нагоре , побарал поддршка надвор од неговата непосредна околина и го пронашол одговорот.
Тој доживеал дека помошта доаѓа од Оној кој му дал живот на секое суштество, кој продолжува да го одржува во секој момент и никогаш не го напушта. Тој цврсто верува во Бог кој бдее над целиот народ дење и ноќе – тој е „чувар на Израел“ – до тој степен што не може а да не го сподели тоа со другите.
„Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.“
Во моментите на несигурност, вознемиреност и неизвесност – пишува Кјара Љубик – Бог сака да веруваме во неговата љубов и нè моли да направиме чин на доверба: сака да ги искористиме овие болни околности за да му покажеме дека веруваме во неговата љубов. А тоа значи: да веруваме дека тој е наш Татко и дека мисли на нас; да ги префрлиме сите наши грижи врз него; да ги натовариме на Него.“
Но, како помошта што доаѓа од Бога стигнува до секој еден од нас? Светото писмо ни донесува бројни примери во кои ова се постигнува преку постапките на мажи и жени, како што се Мојсеј, Илија, Елисеј или Естир, повикани да бидат инструменти на Божјата грижа за еден народ или за одредена личност. Ако ги „кренеме очите“, и ние ќе ги препознаеме постапките на луѓето кои, свесно или несвесно, ни доаѓаат на помош. Ќе му бидеме благодарни на Бога, од кого на крајот доаѓа секое добро (Тој го создаде срцето на секој еден од нас), и ќе можеме да им сведочиме на другите за тоа.
Ова секако, е тешко да се воочи ако сме затворени во себе и мислиме дека можеме да ги надминеме само со сопствена сила. Кога, напротив, се отвараме, гледаме околу себе и го креваме погледот, откриваме дека и ние можеме да бидеме Божји инструмент, инструмент на Бог кој се грижи за своите деца. Ги гледаме потребите на ближните и можеме да им бидеме вредна помош.
„ Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.“
Роџер од Костарика раскажува: „Еден свештеник што го познавам ми кажа дека едно лице доаѓа во мојата куќа да земе пелени за возрасни што му ги подготвила групата за солидарност чиј член сум, знаејќи дека на еден од неговите парохијани му се потребни. Додека чекав, пред куќата помина една соседка која проживуваше многу тешки моменти, па ѝ ги дадов последните седум јајца што ги имав, заедно со неколку други намирници. Таа беше изненадена бидејќи немаше ништо за јадење за себе, за својот сопруг и своите деца. Ја потсетив на ѐисусовиот повик: „Барајте и ќе ви се даде“ (Матеј 7:7), нагласувајќи дека Тој е чувствителен на нашите потреби. Таа се вратила дома среќна и благодарна на Бога.
Попладнето дојде лицето испратено од свештеникот. Тоа беше возач на камион. Го послужив со кафе и додека разговаравме, го прашав што превезува. „Јајца“, одговори тој, давајќи ми триесет и две парчиња.“
Подготвија Силвано Малини и тимот на Слово на животот