Слики и зборови на Папата го осветлуваат Вечниот град за Божиќ

Слики и зборови на Папата го осветлуваат Вечниот град за Божиќ

Големи екрани низ Ватикан прикажуваат фотографии и пораки од папата Лав XIV како дел од божиќната иницијатива промовирана од Дикастеријата за комуникации во соработка со Selfiestreet, која ќе трае до 31 декември.

Наместо вообичаените реклами во светли бои за туристички пакети и празнични десерти, сликите на папата Лав XIV доминираат на фасадите на зградите низ Рим.

Веќе неколку дена, овие слики се појавуваат на големи екрани во Вечниот град, осветлувајќи јавни простори како што се Пјаца Ризорџименто, аголот на Виа Отавијано и Виа Туниси пред Ватиканските музеи. На експонатите се прикажани фотографии и размислувања извлечени од неговите говори, нудејќи пораки за божиќниот период и повици за надеж.

Божиќната кампања ја промовира Дикастеријата за комуникации во соработка со Selfiestreet, користејќи големи екрани инсталирани во близина на Ватикан. Минувачите често застануваат за да ги прочитаат пораките прикажани заедно со слики од Папата со верниците и јубилејните ходоечсници.

Иницијативата, која трае до 31 декември, е широко споделувана и на социјалните медиуми. Според соопштението, „присуството на пораката на Светиот Отец на јавни места за време на божиќниот период служи како знак на духовна блискост и потсетник за вредностите на мирот, надежта и братството“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот