Синодата формира нова Комисија посветена на Источните Цркви

Синодата формира нова Комисија посветена на Источните Цркви

Генералниот секретаријат на Синодот формира ново тело со задача да развива предлози за ревизија на Кодексот на каноните на Источните Цркви (CCEO), „во светлина на синодалниот пат“. Комисијата, наречена Источна канонска комисија, првпат заседаваше на 20 февруари, во седиштето на Генералниот секретаријат на Синодот.

Посебна Комисија

Оваа нова Комисија се надоврзува на работата на Канонската комисија, формирана во декември 2023 година. Таа комисија веќе изнесе одредени предлози за реформа на CCEO, но главниот фокус беше канонското право на Латинската Црква.

Источната канонска комисија за 2026 година е одговор и на повеќето барања што ги упатиле поглаварите на самоуправните (sui iuris) Цркви. Тоа се 24 автономни Цркви во рамките на Католичката Црква, кои се во полно општење со Папата, а при тоа ги чуваат своите посебни традиции, литургии, закони и начин на управување.

Со цел да се поттикне соработка меѓу дикастериите во служба на помесните Цркви, новата Комисија е составена од експерти по источно канонско право, избрани меѓу консултантите на Дикастеријата за законодавни текстови и Дикастеријата за Источните Цркви.

Кардиналот Марио Грех, генерален секретар на Синодата, објасни дека „смета дека е соодветно да се воспостави посебна комисија која би работела во тесна врска со Студиската група број 1 за одредени аспекти на односите меѓу Источните католички Цркви и Латинската Црква“, притоа „имајќи ја предвид специфичноста на Источното канонско право“.

Оваа Студиска група е една од десетте што ги воспостави папата Фрањо во 2024 година, по Првата сесија на XVI Редовно генерално собрание на Епископската снодата. Во текот на тоа Собрание се појавија повеќе значајни теми поврзани со животот и мисијата на Црквата во синодален контекст.

Во духот на синодалноста, која ја одбележува оваа фаза на спроведување, кардинал Грех ги повика sui iuris Цркви, епископските конференции, католичките универзитети, институциите и заинтересираните лица да ги достават своите придонеси до Генералниот секретаријат на Синодата до 15 април 2026 година.

Мандат

На краток рок, новата Комисија има задача да подготви „нацрт-нормативни текстови“ за да се спроведат во правен облик предлозите што се појавија на синодалниот пат 2021 до 2024 година, особено оние наведени во Синтезата од извештајот (2023) и во Завршниот документ (2024).

Секретарот на Дикастеријата за законодавни текстови, како надлежно тело во Римската курија, ќе ја координира работата на Комисијата, вклучително и ажурирање на важечкото источно законодавство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот