Светиот Отец го прими големиот ректор на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ – Милано
Во понеделник, 12 август 2024 година, Светиот Отец Фрањо во аудиенција го прими големиот ректор на Католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ – Милано, Елена Бекали, која ја презеде функцијата на 1 јули, соопшти универзитетот.
Во разговорот Папата и големиот ректор се осврнаа на различни теми, особено на универзитетскиот свет и итната потреба од образование.
Професорката Бекали изрази длабока благодарност до Папата за близината со Универзитетот, кој од неговото основање е во служба на општеството и општата Црква во Италија. Во исто време, таа му презентираше многу проекти кои Универзитетот „Пресвето Срце’ има намера да ги спроведе во своите пет кампуси – во Милано, Бреша, Пјаченца, Кремона и Рим, како придонес за размислувањата за важни прашања на глобално ниво.
Од Канцеларијат за печат на Светиот Престол соопштија дека Папата се сретнал и со ректорот на Папскиот латерански универзитет, надбискупот Алфонсо Амаранте.
Ватикан њуз/к.мк