Десеттиот национален евхаристиски конгрес во Соединетите Американски Држави започна во среда на 17 јули 2024 година во Индијанаполис.
Првиот Национален евхаристиски конгрес по 83 години во Соединетите Американски Држави заврши со Националното Евхаристиско ходочестие. Повеќе од 100.000 верници учествуваа во четирите ходочеснички процесии од сите четири страни на светот – од Минесота, Тексас, Конектикат и Калифорнија, со вкупна должина од повеќе од 10.000 километри, во текот на 60 дена.
На целта, во Индијанаполис, на стадионот „Лукас Оил“, повеќе од 10.000 луѓе се собраа на првиот ден од Евхаристискиот конгрес. Претставниците на сите четири процесии влегоа на стадионот носејќи слики од заштитниците на нивните рути: Пресвета Богородица (север), свети Иван Диего (југ), света Елизабет Ана Сетон (исток) и свети Џунипер Сера (запад).
Потоа, со грегоријанското пеење на химната „Мојата уста“, бискупот на Крукстон, Ендрју Хармон Козенс, го внесе Исус во Пресветата Евхаристија меѓу насобраната толпа. Пресветото беше изложено во голема монстранца направена за таа пригода, која ја благослови папата Фрањо во 2023 година.
Поздравите на Светиот Отец на отворањето на Евхаристискиот конгрес ги пренесе апостолскиот нунциј во САД, кардиналот Кристоф Луис Ив Жорж Пјер.
Во 2022 година, американските бискупи започнаа национално евхаристиско обновување како одговор на загриженоста за опаѓањето на верата во вистинското присуство на Исус во Евхаристијата меѓу католиците во Америка. Целта е „обнова (revival) на Црквата преку промовирање на живиот однос со Господ Исус Христос во Светата Евхаристија“.
Затоа, нунцијот Пјер нагласи дека вистинското евхаристиско обновување, иако „секогаш придружено со светата побожност“ како што се обожувањето, благословот, катехеза и процесија, „мора да ги надмине побожните практики“. „Вистинското обновување значи да се види Христос во другите, не само во сопственото семејство, пријателите и заедниците. Вистинското обновување значи да го видиме Христос дури и во оние од кои се чувствуваме одвоени, без разлика дали станува збор за раса или класа, или во оние кои го предизвикуваат нашиот сопствен начин на размислување или во оние кои размислуваат поинаку од нас.“ При средбата со нив, „Христос е присутен за да биде мост“.
Поголемите напори во градењето мостови на единство се знак за вистинско евхаристиско обновување и објасни дека во славењето на Евхаристијата се среќаваме со Исус кој го изгради првиот мост станувајќи човек кога човештвото било одвоено од Него.
Затоа верата во реалното присуство не е само верата дека Исус е присутен во светата тајна под обликот на леб и вино, „туку и во собирот на својот верен народ“, дури и во оние „кои имаат потешкотии да се поврзат со Него поради рани, страв или грев“.
Монс. Пјер, исто така, нагласи дека евхаристиското обожавање треба да се сфати како однос, не гледајќи ја Олтарската тајна само како предмет за восхит, туку дека Исус е присутен, и на тој начин да научиме да се однесуваме со другите, почитувајќи го Бог присутен во нив.
Тоа значи да се живее вистински евхаристиски живот – да се пренесе ставот на обожавање во секојдневниот живот, во односот и начинот на пристапување кон другите, рече нунцијот.
Покрај монс. Козенс и кардиналот Пјер, говорник на првиот ден од програмата беше сестра Бетани Мадона. Во наредните денови, меѓу говорниците ќе бидат и кардиналите Бласе Џ. Чупич и Даниел Динардо, бискупот Роберт Барон, о. Мајк Шмиц, евангелизаторот Џејсон Еверт, актерот Џонатан Руми и музичарот Мет Махер.
Секој ден, говорите ќе бидат прилагодени на одреден животен повик и ситуација. Верниците ќе имаат можност и да ги слават светите тајни Евхаристија и Покајание. Исто така, ќе имаат можност да се молат пред моштите на светите Елизабета Ана Сетон, Мануел Гонзалес Гарсија, Пашкал Бајлонски, Џунипер Сера, Иван Диего и блажениот Карло Акутис. За почит ќе бидат изложени и дел од реликвијата на превезот на Пресвета Богородица од Шартр во Франција и реплика на Торинската плаштеница.
Повеќе од 50.000 учесници се пријавени за Евхаристискиот конгрес, кој нуди богата петдневна програма на стадионот и саемот. Се очекуваат повеќе од илјада свештеници и 200 кардинали и бискупи, објави CNA.
Конгресот ќе заврши во недела, на 21 јули, со свечена Миса што ќе ја предводи про-префектот на Дикастеријата за евангелизација, кардиналот Луис Антонио Тагле, кој беше imenuvan од папата Фрањо за свој претставник за таа пригода.
Во писмото на латински јазик упатено до кардиналот Тагле на празникот Свети Петар и Павле, на 29 јуни Светиот Отец им даде посебен благослов на сите кои ќе присуствуваат на Националниот Евхаристиски конгрес.
Тој изразува надеж дека ќе бидат охрабрени така што, соединети со Исус во светата Тајна на нашето искупување, ќе бидат целосно свесни за заедничките дарови што ги примаат во небесната храна и дека ќе можат да ги споделат со другите.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: