Разрешување и именување во Струмичко – скопската епархија

Разрешување и именување во Струмичко – скопската епархија

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, со декрет од петок 28 јуни 2024 година, донесе одлука за разрешување и именување во Струмичко – скопската епархија.

Отец Трајче Ташев е разрешен од службата парохиски викар во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица и е именуван за парохиски викар во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.

Согласно декретот отец Трајче Ташев на новата служба ќе стапи на 1 август 2024 година. Неговото сместување ќе биде во станот на парохијата, кој е во близина на парохиската црква.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот