На празникот Благовештение Господово, вторник 25 март 2024 година, според грегоријанскиот календар, а по повод патронатот на црквата во Штип, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше Света Литургија во сослужение на протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, отец Тони Ангелов, парох во Штип и отец Илија Стојанов, парох во Радово.
На светата Литургија присуствуваа верници од Штип и други парохи, како и чесни сестри Евхаристинки.
Во својата проповед епископот Стојанов го истакна значење на празникот Благовештение, ги пренесе искуствата на вера од поклонението во Паљурци и се осврна на важноста на Јубилејната година. Покрај тоа тој повика на молитва за здравје на Светиот Отец, папата Фрањо, кој е отпуштен од болницата Гемели и продолжува со терапијата и закрепнувањето во Домот Света Марта. Епископот Стојанов го обнови својот повик до верниците за молитва за трагично загинатите во Кочани, за побрзо оздравување на повредените, за нивните семејства и сите кои страдаат од последиците од оваа трагедија.
Прославата на патрониот празник во Штип заврши со агапе и заедништво.
к.мк