Во неделата на 09 декември 2018 година црквата во Велес го прослави својот патрон „Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија„ а литургијата ја предводеше скопскиот парох дон Давор Топиќ.
Тој во својата хомилија ја истакна важноста на Блажена Дева Марија во Црквата и кажа дека била сочувана од Источниот грев и живеела живот служејќи му на Бога, претставувајќи ја Блажена Дева Марија како наша мајка на која можеме да и се обратиме искрено и слободно како нејзини деца.
Литургијата ја анимираше скопскиот парохиски бенд ,,Агапе”, а на крајот од литургијата верниците направија групна фотографија сведочејки го нивното заедништво.
к.мк