Прославен патрониот празник во Гевгелија

Прославен патрониот празник во Гевгелија

На празникот на првоапостолите Петар и Павле, 12 јули 2022 година, а по повод патрониот празник на црквата во Гевгелија, Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света Литургија во сослужение на деканот отец Зоран И. Стојанов, отец Тома Ангелов, отец Гоце Костов и отец Илија Стојанов.

На почетокот од проповедта епископот Стојанов ги поздрави присутните, честитајќи го празникот на верниците, посебно оние кои денес го слават својот именден. Потоа се заблагодари и до сестрите Евхаристинки на чело со провинцијалната сестра Бернардина Атанасова.

Главна мисла во проповедта на епископот Стојанов беше за вистината и мислењата во светот при што истакна дека во светот сме преплавени со мислења кои не ја бараат вистината, барем не онаа вечната, но и дека има и такви мислења кои ја напаѓаат Црквата, Чуварот на вистината, мислења кои се множат и шират само за да се спротивстават на вистината објавена од Христос.

Проповедта ја заврши со зборовите: Скромноста на двајцата врховни апостоли Петар и Павле нека ни бидат пример и поука на сите нас и нека ни послужат и нам да останеме скромни, а силни во одлуките.

Од светата Литургија Радио Марија вршеше директен пренос.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот