По повикот на папата Лав XIV во Струмица се молеше Света Бројаница за мир во светот

По повикот на папата Лав XIV во Струмица се молеше Света Бројаница за мир во светот

На 30 мај 2026 година, во дворот на парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, верниците се собраа на молитва на Светата Бројаница за мир во светот.

Молитвата беше организирана по повикот на папата Лав XIV, кој ги повика верниците на овој ден да се обединат молејќи Света Бројаницата, принесувајќи ја за мир во светот, за прекин на војните, насилството и сите страдања што ги погодуваат народите.

Светата Бројаница ја предводеа одборниците од парохијата, а во молитвата се придружија верници, кои преку Пресвета Богородица ја доверија на Бога потребата од мир, помирување и надеж во светот.

Овој молитвен настан беше знак на заедништво со Светиот Отец и со целата Црква, која во овие времиња на немир и несигурност не престанува да повикува на молитва за мир во светот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот