Неделно размислување за Евангелието наменето за Втората недела по Педесетница, според евангелистот Матеј 4,18-23
Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.”
Ова е покана – со одговорност, во која има предлог за промена, но има и уверување дека нема да бидете сами На човекот секогаш му е тешко да започне нешто ново, да направи промена во сопствениот живот, да започне нешто ново и непознатото. Но, кога има некој со кого нема страв, тогаш сè изгледа поинаку.Исус не поканува во Царството Божјо и останува со нас, како што направи со апостолите.
Поканата е можност да се направи избор
Да, кога ќе добиеме некоја покана, тогаш сме пред избор: да одговориме позитивно на поканата, да најдеме изговор и да ја откажеме.
Да се каже ‘да’ на Бога значи да се даде добар пример и на другите. Да се појде по Исус, да се следи Христовиот повик не е само прашање на личен избор, туку и да се сведочи со својот живот на ближните. Светите апостоли го следеа Христа, правејќи го својот избор за лична корист, но со тоа ги поттикнуваат сите да размислуваат до ден-денес: дали и јас ќе можам да го направам тоа, како и апостолите?
Секако многумина пред нас го направија тој избор, многумина продлжуваат и во идниана ќе продолжат да му одговорат на бога со ‘да’.
Затоа, верата и наследувањето на Христос никогаш не можат да бидат само приватна работа – тоа е она што влијае на личниот живот и животите на оние околу нас.
Драги во Христа, ако искрено одговориме на повикот Христов: Појдете по Мене, тогаш ќе можеме да им кажеме слични зборови на нашите ближни, на нашите деца, на нашите роднини. На тој начин, нашиот пример може да биде убедливо сведоштво за вистината на верата во Христа, кој е со нас и тогаш и денес и секогаш. Евангелието во Втората недела по Духовден е покана за светост, наследувајќи го Христа и гледајќи го примерот на светите апостоли. Имаме прекрасна можност да им сведочиме на другите како го следиме Христа, вклучувајќи се во Неговото свето послание за спасение на човечкиот род.
к.мк