Порака на италијанските бискупи за Празникот на работата: Потребен е нов општествен сојуз

„Работата, општествен сојуз кој создава надеж“ – е тема на пораката на бискупите на Италијанската бискупска конференција која ја објавија во пресрет на овогодинешниот Празник на работата. Порачуваат: Економијата и законите на пазарот не смеат да поминат „над нашите глави“ оставајќи нè беспомошни. И потсетуваме дека сме сите ние пазар. И кога сме претприемачи и работници и кога ја промовираме и живееме потрошувачката.
Италијанските бискупи, имено, по повод 1 мај апелираат на одговорност, осудувајќи ја онаа „лоша работа“: дискриминација на жената, искористување на мигрантите, несреќа при работа како и неусогласеност на понудата и побарувачката која ги погодува младите. Напоменуваат дека невидливата рака на пазарот не е доволна за решавање на денешните сериозни проблеми.
Во своето писмо Италијанската бискупска конференција потсетува и на Булата на папата Фрањо по повод прогласувањето на Јубилејот ‘Spes non confundit’ наводувајќи дека заштитата, одбраната и посветеностаа во остварувањето на слободна, креативна, партиципативна и работа која поддржува, претставува еден од опипливите знакови на надежта.
Присетувајќи се исто така на искуството на пандемијата кое понуди начин на работа со можност на комбинирање на личната работа и работа од далечина во многу околности. Тоа ја зголемува способноста на усогласување на професионалниот живот и нашите други животни врски, посебно кога станува збор за „паметна“ работа, но ризикувајќи осиромашување на односите помеѓу работниците како и семејните односи. (…)
Она што останува во позадина е суровата глобална конкуренција во која компаниите бараат каде се трошоците најниски, а тоа поттикнува – како што се изразија – надолна спирала на цените и достоинството на работата. Италијанските бискупи и понатаму пишуваат дека иако статистичките податоци за наглото намалување на невработеноста може да внесе оптимизам, знаеме дека зад формално вработените луѓе може да стои слаба работа. Исто така, во писмото наведуваат дека е потребно да се разгледа положбата на жените кои во некои подрачја се казнети не само со ниска плата, туку и со недостаток на сигурност во периодот на бременост и породилниот стаж.
Опоменуваат дека нема да биде полна праведност без сигурност на работа, а како би им дале надеж, мораме да ги смениме тие трендови и тоа ќе биде еден од најзначајните знакови на јубилејот со користење исто така, на расположливите можности во облици на социјална грижа и осигурување кои се чувствителни кон здравствените и семејните итни случаи.
Уште еден знак на надеж е создавањето на добри односи помеѓу работодавачите и работниците во кои дијалогот, признавањето, како и механизмите на учество негуваат доверба и соработка покренувајќи ги најдлабоките мотиви на личноста и зголемувајќи ја силата на компанијата и квалитетот на работа, напишаа меѓу другото италијанските бискупи во пораката по повод претстојниот Празник на работата.
Ватикан њуз/к.мк