Погребот на папата Фрањо ќе се одржи во сабота 26 април

Погребот на папата Фрањо ќе се одржи во сабота 26 април

Во сабота, 26 април 2025 година во 10 часот пред базиликата ќе се служи задушна света Литургија за папата Фрањо, како што е предвидено во Ordo Exsequiarum Romani Pontificis. Задушната света Литургија ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре. Ковчегот потоа ќе биде однесен во базиликата Свети Петар, а од таму во базиликата Света Марија Велика, каде папата Фрањо ќе биде погребан.

Задушна света Литургија за папата Фрањо ќе се служи во сабота, 26 април 2025 година, во 10 часот, пред базиликата Свети Петар, како што е предвидено во Ordo Exsequiarum Romani Pontificis .

Ова го соопшти Канцеларијата за литургиски славења, известувајќи дека задушната света Литургија ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум.

На крајот од евхаристиското славење ќе се одржат Ultima commendatio и Valedictio. Ковчегот на папата потоа ќе биде однесен во базиликата Свети Петар, а оттаму во базиликата Света Марија Велика, каде ќе биде погребан.

Ватикан њуз/кмк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот