За време на светата Литургија која во недела 14 декември 2025 година папата Лав XIV ја служеше во базиликата „Свети Петар“, ја повтори желбата изразена од папата Фрањо во булата со која се прогласува Светата година „Spes non confundit“. Тој изрази надеж дека на сите ќе им бидат понудени вистински можности за социјална реинтеграција, иако е свесен за големите проблеми со кои се соочува затворскиот систем: „Ниеден човек не е само она што го направил. Правдата е секогаш процес на корекција“.
Не губете надеж, бидејќи по секој пад треба да можеме да станеме, а правдата е секогаш процес на корекција и помирување. За време на Литургијата, која се нарекува „Gaudete“ (Радувајте се), папата Лав XIV служеше света Литургија во ватиканската базилика по повод Јубилејот на затворениците и ги охрабри лишените од слобода и сите на кои ангажирани во затворскиот систем да гледаат напред и нагоре. Всушност, со надеж.
Сидро на надежта
Во оваа смисла, во својата проповед за време на светата Литургија на која присуствуваа околу 5.000 луѓе, Папата потсети на својот претходник, папата Фрањо, кој на 26 декември 2024 година ја отвори Светата Врата во црквата „Наш Отец“ во затворот Ребибија во Рим. За време на оваа важна Литургија, папата Бергољо упати повик до сите, што папата Лав XIV ја повтори денес: „Ви пренесувам две работи. Прво: држете во раката јаже, со сидро на надежта. Второ: отворете ги широко вратите на вашето срце“. Осврнувајќи се на сликата на сидро фрлено кон вечноста, надвор од сите граници на просторот и времето, тој повика да ја одржиме жива верата во животот што нè очекува и секогаш да веруваме во можноста за подобра иднина. Во исто време, сепак, охрабри да бидеме, со великодушно срце, работници на правдата и љубовта во средините во кои живееме – нагласи папата Лав XIV.
Простување, амнестија, реинтеграција
Сè уште во континуитет со папата Фрањо, Папата ја повтори желбата изразена во Spes non confundit, булата за прогласување на Јубилејот, односно дека во овие последни недели од Светата година, сè уште можат да се одобрат „облици на амнестија или ублажување на казната“ и да се обезбеди „можност за реинтеграција“.
Се надевам дека многу земји ќе исполнат таа негова желба. Јубилејот, како што знаеме, во своите библиски корени беше токму година на благодат во која на секого му беше дадена можност, на многу начини, за нов почеток.
Милосрдието може да направи цвеќиња да растат од гревот
Потоа Светиот Отец го истакна критериумот на љубовта како водечки принцип кој треба да биде присутен и во средини како што е затворот. Од сочувство, внимание, мудрост и одговорност, како во заедниците, така и на институционално ниво, можат да дојдат вистински чуда. Важно е – истакна Папата – да се погледне на човечноста на Исус. Почитувањето и способноста за милосрдие и простување можат да ги променат судбините, а Јубилејот може да биде поволна можност:
Кога, дури и во тешки услови, убавината на чувствата, чувствителноста, вниманието кон потребите на другите, почитта, способноста за милост и простување се зачувани, тогаш чудесни цвеќиња никнуваат од тврдата почва на страдањето и гревот, па дури и во затворските ѕидови, зреат гестови, проекти и средби единствени по својата човечност.
Бог е Оној кој искупува и ослободува
Станува збор за сопствените чувства и мисли, што е неопходно за луѓето лишени од слобода, но уште повеќе за оние кои имаат голема одговорност да ја претставуваат правдата пред себе и за себе – објасни Папата, повторно нагласувајќи: Јубилејот е повик за преобраќање и токму поради оваа постои причина за надеж и радост. Вистина е дека затворскиот систем има многу проблеми. Сè уште има многу да се направи – забележа Светиот Отец. Но, со доверба во Бога, Оној кој искупува и ослободува, може и треба да се осмели:
Затворот е тешка средина и дури и најдобрите намери можат да наидат на бројни пречки таму. Затоа не смееме да се колебаме, да се обесхрабриме или да се откажеме, туку да продолжиме напред упорно, храбро и во дух на соработка. Многумина, всушност, сè уште не разбираат дека по секој пад мора да знаеме како да станеме, дека ниедно човечко суштество не е само она што го направило и дека правдата е секогаш процес на поправка и помирување.
„Сите нека бидат спасени“
Во своето размислување, Папата го цитираше Свети Августин, кој напиша познат коментар за евангелската приказна за прељубницата, нагласувајќи дека на крајот од средбата со Исус, кој ѝ простил, останале „бедата и милоста“. Потоа им се обрати на затворениците и затворскиот персонал, повторно забележувајќи дека ова не е лесна задача:
Има многу проблеми што треба да се решат. Да размислиме за пренатрупаноста, за сè уште недоволната посветеност за обезбедување стабилни образовни програми за закрепнување и можности за вработување. И да не заборавиме, по лично ниво, на товарот од минатото, раните што треба да се залечат во телото и во срцето, разочарувањата, бесконечното трпение што е потребно, со себеси и со другите, кога се тргнува по патот на преобраќање и искушението да се откажеме или повеќе да не простуваме.
Сепак, и покрај сè – нагласи Петровиот наследник – сигурноста дека Господ сака спасение на сите мора да оддекнува во нас. Тој и денес повторува: Никој да не загине! (сп. Иван 6,39) Да бидат спасени сите. (1 Тим 2,4).
Не сме сами
Како што се приближува Божиќ, папата Лав XIV поттикна уште посилно да го прифатиме Божјиот сон, непоколебливи во нашата посветеност и полни со самодоверба.
Затоа што знаеме дека, дури и пред најголемите предизвици, не сме сами: Господ е близу, оди со нас и, со Него и покрај нас и секогаш ќе се случи нешто убаво и радосно.
Ватикан њуз/к.мк

