Папата ја именува сестра Рафаела Петрини за претседател на администрацијата на државата Ватикан

Од 1 март 2025 година, оваа Фрањевка ќе извршува должности кои и ги додели папата Фрањо во државата Ватикан како претседател на Папската комисија за државата Ватикан и претседател на администрацијата на државата Ватикан. Нејзиното назначување Папата веќе го објави на 19 јануари.
Папата Фрањо ја именува сестра Рафаела Петрини, актуелен генерален секретар на администрацијата на државата Ватикан, за претседател на Папската комисија за државата Ватикан, како и за претседател на администрацијата, од 1 март. Оваа одлука беше објавена на 19 јануари за време на интервјуто кое Папата го даде на Фабио Фази за телевизиското шоу „Че темпо че фа“.
Членка на сестрите Фрањевки на Евхаристијата и службеник на Конгрегацијата за евангелизација на народите од 2005 година, сестра Рафаела Петрини е родена во Рим на 15 јануари 1969 година. Дипломирала политички науки на Слободниот меѓународен универзитет Гвидо Карли и докторирала на Папскиот универзитет Свети Тома Аквински. Од 2022 година, таа е генерален секретар на администрацијата на државата Ватикан. На новата позиција таа го наследува кардиналот Фернандо Вергез Алзага, кој на 1 март ќе наполни 80 години.
Ватикан њуз/к.мк