Папата ја избра темата за Светскиот ден на мигранти и бегалци

Папата ја избра темата за Светскиот ден на мигранти и бегалци

„Мигранти – мисионери на надежта“ – ова е темата што Светиот Отец ја избра за 111. Светски ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се одбележи на 4 и 5 октомври во јубилејната година.

„Во светло на годишнината, оваа тема ја истакнува храброста и издржливоста на мигрантите и бегалците, кои секојдневно сведочат за надежта за иднината, и покрај тешкотиите. „Станува збор за надежта за наоѓање среќа дури и во странство, надеж што ги наведува целосно да се доверат на Бога“, се вели во соопштението на Дикастеријата за промоција на интегрален човечки развој, објавено на 3 март 2025 година.

Во текстот се нагласува дека „мигрантите и бегалците стануваат мисионери на надежта во општествата што ги примаат, често придонесувајќи за обновување на верата и промовирајќи меѓурелигиски дијалог заснован на заеднички вредности“. Понатаму, ја потсетуваат Црквата за крајната цел на земното ходочестие – достигнување до идната небесна Татковина.

Од Канцеларијата за промоција на интегрален човеков развој соопштуваат и дека годинава Светскиот ден на мигрантите и бегалците нема да се одбележува, како и обично, во последната недела од септември, туку ќе се одржи на 4 и 5 октомври, по повод јубилејот на мигрантите и мисионерите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот