Во четврток, на 26 септември 2024 година, Светиот Отец ќе го започне неговото 46-то апостолско патување, на кое во четири дена ќе ги посети Луксембург и Белгија.
За време на еднодневната посета на Луксембург, папата Фрањо ќе се сретне со големиот војвода и премиерот, како и со претставници на владата, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Ќе има средба и со католичката заедница во луксембуршката катедрала Пресвета Богородица.
Белгискиот крал и премиерот ќе ги посети во петок, на 27 септември, кога е закажана средба со претставници на владата и граѓанското општество и универзитетски професори. Заедно со бискупите, свештениците, ѓаконите, лицата со посветен живот, теолозите и пасторалните работници во сабота ќе молат во базиликата Пресвето Срце Исусово во Кекелберг. Потоа ќе се сретне со студентите на Католичкиот универзитет во Лувен, а приватно со членовите на Друштвото Исусовци во Универзитетот Свети Михаил.
Апостолското патување на Светиот Отец ќе заврши со света Литургија и молитвата Ангел Господов во недела на 30 септември на стадионот „Крал Бодуен“. Очекуваното враќање во Рим е во недела околу 15 часот.
Ватикан њуз/к.мк