Ова го изјави професорот Алфиери, координатор на медицинскиот тим кој се грижи за здравјето на Папата, на брифинг со новинарите одржан во поликлиниката Гемели. Ќе му треба уште два месеци закрепнување во Домот Света Марта.
Папата утре, недела, 23 март, има намера кратко после 12.00 часот да се појави на прозорецот од поликлиниката „Гемели“ за да го упати својот поздрав и благослов. Текстот на пладневниот говор ќе биде објавен како и претходните недели. Ватиканските медиуми ќе бидат присутни за да снимаат и дистрибуираат слика. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во сабота 22 март.
Здравствената состојба на Папата
Вчера, 21 март, Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги објави најновите информации за здравствената состојба на папата Фрањо, која останува стабилна со мали подобрувања во респираторните и моторните функции. Светиот Отец не примаше посетители, но изминатите денови ги помина помеѓу медикаментозна терапија, респираторна и активна физикална терапија, молитва и малку работа. Во текот на ноќта повеќе не користи механичка вентилација со маска, туку високопроточна кислородна терапија преку назални канили, а високиот проток на кислород се користи сè помалку во текот на денот. Следниот медицински билтен се очекува во понеделник.
Во меѓувреме продолжуваат молитвите за здравје на Папата.
Ватикан њуз/к.мк