Папата Фрањо: За Божиќ прекин на огнот на сите воени фронтови

Папата Фрањо: За Божиќ прекин на огнот на сите воени фронтови

Нека Божиќ биде можност светот да ги замолчи своите оружја. На денот посветен на Безгрешното зачнување, во поздравите по молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на местата кои се жртви на конфликти и насилство и упати уште еден апел да се моли за мир и да се промовира братството. Почнувајќи од Никарагва, земја која ја слави својата заштитничка на 8 декември и на која папата Фрањо отсекогаш ѝ бил близок. Ве повикувам да се придружите на молитвата за Црквата и народот во Никарагва, која ја почитува Пречистата како Мајка заштитничка

Нека Божиќ биде можност светот да го замолчи оружјето. На денот посветен на Безгрешното зачнување, во поздравите по молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на местата кои се жртви на конфликти и насилство и упати уште еден апел да се молиме за мир и да се промовира братството. Почнувајќи од Никарагва, земја која ја слави својата заштитничка на 8 декември и на која папата Фрањо отсекогаш ѝ бил близок.

Ве повикувам да се придружите на молитвата за Црквата и народот во Никарагва, која ја почитува Пречистата како Мајка и заштитничка и крева до Неа крик на вера и надеж. Нека небесната Мајка им биде утеха во тешкотиите и неизвесностите и нека ги отвори срцата на сите  и секогаш да се бара патот на конструктивен дијалог полн со почит за промовирање на мирот, братството и хармонијата во земјата.

Прекинете го огнот за Божиќ

Римскиот бискуп ги спомна земјите погодени од војната и упати директно барање до светските моќници да го смират насилството.

И да продолжиме да се молиме за мир, во Украина која страда, на Блискиот Исток – во Палестина, Израел, Либан, сега и во Сирија, во Мјанмар, Јужен Судан и секаде каде што се страда поради војна и насилство. Апелирам до владетелите и меѓународната заедница до Божиќ да дојдеме до прекин на огнот на сите воени фронтови.

Апел за осудените на смрт во САД

Папата Фрањо потоа им се обрати на оние кои во Соединетите Американски Држави можат да ја променат судбината на сите кои чекаат смртна казна во затворите во таа земја. Бараме да им се ублажи, промени казната. Да мислиме на нашите браќа и сестри и да побараме од Господа благодат да ги спаси од смртта – поттикна Папата. На крајот тој изрази солидарност до работниците во Сиена, Фабриано и Аскола Пичено кои – како што рече – го бранат правото на работа, а тоа е правото на достоинство! Не дозволувајте да им се одземе работата од економски или финансиски причини.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести

За авторот