Папата Фрањо: Децата не треба да бидат заложници на нивните родители

Папата Фрањо: Децата не треба да бидат заложници на нивните родители

Папата Фрањо преку страниците на списанието „Плоштад Свети Петар“ (Piazza San Pietro) му одговори на еден татко кој го сподели своето тешко искуство со разводот, повикувајќи на меѓусебно почитување и милосрдна правда.

Светиот Отец нагласува дека најважно во односите е да се ангажира срцето. Ова е одговор на писмото од Џорџо, татко од Рим, кој го споделува своето тешко искуство од разделбата со сопругата. Според Папата, „само преку срцето нашите семејства ќе можат да ги обединат различните умови и волји и да ги помират, така што Духот нè води како мрежа на браќа“.

„Чудото на помирување е можно само кога нашето срце е соединето со срцето Христово“, истакна Папата во својот одговор, објавен во јануарскиот број на списанието што го објавува прес-службата на базиликата Свети Петар.

„Ги повикувам црковните заедници да ги придружуваат ранетите семејства за да не бидат децата заложници на нивниот татко или мајка“, вели Светиот Отец.

Папата го привлекува вниманието и на опасноста од користењето на подароците како средство за манипулација: „Мораме да бидеме внимателни со подароците за децата, бидејќи тие можат да станат вистинска уцена, да ги оттргнеме од љубовта на сопругот или сопругата“.

Јануарското издание на списанието содржи и фотографии од познатиот американски фотограф Стив Макара и статија на кардиналот Пјетро Паролин за светската војна на делови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот